Панонски легенди
„Житие на Св.Кирил“ и „Житие на Св.Методија“
„Панонските легенди“ или „Моравско-панонските легенди“ поединечно се наречени „Житие на Св.Кирил“ и „Житие на Св.Методија“, содржат во себе податоци за животот на творците на првата словенска азбука, напишани на словенски јазик во чии основи влегол говорот на македонските словени од солунско во средината на IX век. Постои мислење дека просветителот Методија би можел да е автор на „Житието на Св.Кирил“, односно дека Климент Охридски или Горазд-двајца најпознати нивни ученици го напишале „Житието на Св.Методија“. Овие житија се први страници на оригиналната словенска книжевност.
* „Житие на Св.Кирил“(Константин филозоф)- уште како новороденче Константин се истакнува со својата свесност со тоа што одбива да се храни од градите на доилката, туку го сака само млекото на својата мајка. Роден бил во градот Солун, татко му бил од благороден род и богат, по име Лав. Со својата жена имале седум деца. Седмото, најмалото дете бил Контантин филозоф. Родителите потоа 14 години живееле како брат и сестра се до смртта на Лав. На 7 години Константин сонил сон како „стратегот“( главниот воен заповедник) му рекол да одбере една девојка за сопруга и помошничка, а Кирил ја одбрал Софија, т.е.„Мудроста“.
На училиште напредувал подобро од сите ученици, еден ден со врсниците излегол на лов со својот сокол, кога го пуштил на небото по божја волја се кренал ветер, го зафатил и однел соколот. Од тогаш пратејќи го овој божји знак Кирил се посветил на наука, седејќи дома и учејќи. Константин не бил властољубив, брзо се разочарал од младешкиот живот во потрага по пари, жени и лов, го пленела љубовта кон филозофијата, науката и мисионерството. Имал силен, логичен ум, ги надвладувал неверниците со својата логика и знаење со верба во христијанството, со тоа станувал силен дијалектичар.
Дошол во Цариград, ја научил граматиката за три месеци и ја започнал својата мисија под влијание на позитивниот лик во житието - царот Михаил III, кој како ученик на Кирил бил убеден во неговите дијалектички способности. Го подготвил и го испратил Кирил на мисија кај соборениот патријарх Јован (борец против „иконите“), кого со логички одговори го убедил зошто треба да се почитуваат иконите. Потоа следната мисија ја продолжува кај Сарацените со кои водел дебата за заштита на христијанството и учењето на Св.Троица ( Отецот, Синот и Светиот дух). Со Хазарите ја истакнува својата железна логика, со своите одговори ги засрамил неверниците и придонел да ја прифатат христијанската вера.
Со венецијанските првосвештеници со својата демократичност и хуманизам ја одбранил тезата дека Господ оставил порака да постои богослужба на сите јазици, а не на „тријазичен ерес“(грчки, латински и еврејски) како што дождот врне за сите луѓе, сонцето исто грее за сите и сите дишат ист воздух. Царот Михаил III го испратил Кирил и кај моравците упатувајќи писмо до кнезот Ростислав со топли зборови за Кирил. Починал на 42 години на 14 Февруари во Рим, папата наредил да го погребаат во црквата на Свети Климент ( по барање на Св. Методија) и во чест на пронаоѓањето на моштите на светецот во морето од страна на Кирил.
* „Житие на Св.Методија-“на млади години се прославува со правничко знаење, поради што византискиот цар го поставил за управител на „словенското кнежевство“. Со тоа се доближил до словенското население, ги научил нивните обичаи и верувања при организирање на словенската црква во Моравија и Панонија. Сакајќи да се посвети на испоснички живот, Методија се вратил на Олимп каде бил назначен за игумен на манастирот Полихрон. По смртта на Константин филозоф, Методија како борбен и упорен ја продолжува моравската мисија. Пред крај на животот се повлекол во Цариград, добил од царот признание за мисијата кај словените во Моравија и Панонија. Со двајца попови го превел Светото писмо од Грчки на словенски јазик за шест месеци, се смета дека неговото житие би можел да го напише и еден од двајцата попови-брзописци кој работел на преводот на Светото писмо. Починал во Моравија-Панонија на 6 Април, учениците му направиле почести и служба, безброј народ се собрал да го испратат со цвеќе. Починал во 6393 година од постанокот на светот (после 16 години од смртта на неговиот помлад брат Константин во 6377 година од постанокот на светот).
Вредноста на житијата како оставштина од браќата е огромна, како за нивниот живот, така и како сведок на почетоците на словенската писменост на која се базира целокупното денешно литературно дело, култура и писменост на македонскиот народ.
Со почит Давид Трајчевски IX-3
одделение